
Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопува коцките за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ќе има многу заминувања и доаѓања, а еден од првите што ќе го напушти клубот е десниот бек на „нероаѕурите“ Дензел Дамфрис.
Тој има клаузула во договорот според која може да го напушти стадионот „Џузепе Меаца“ ако некој понуди 21 милион евра, што во денешно време не е голема сума на пари.
Први во редот за неговиот потпис застанаа клубовите од Премиер лигата, а каде точно ќе ја продолжи кариерата ќе дознаеме наскоро.
Дамфрис е репрезентативец на Холандија, за „лалетата“ досега одиграл 71 натпревар и постигнал 11 гола.
Оваа сезона во дресот на Интер настапил 20 пати со три постигнати гола. Кариерата ја започна во помладите категории на ротердамска Спарта, потоа играше за Херенвен и ПСВ од каде што пристигна во Интер во летото 2021 година за 16 милиони евра.