
Јувентус наводно е подготвен да го продаде еден од своите најважни играчи во летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според известувањата на неколку италијански медиуми, тимот би можел да го напушти бразилскиот репрезентативец и дефанзивец Бремер, кој често се мачи со повреди. Поради тоа, „старата дама“ се обидува да се ослободи од него.
Бремер долго беше недопирлив во Јувентус, но сега клубот размислува да се раздели со него ако некој тим надвор од Серија А понуди 60.000.000 евра.
Продажбата ќе биде уште пореална во случај Јувентус да не се пласира во Лигата на шампионите.
Од друга страна, Јувентус е блиску до договор со Антонио Ридигер, на кого му истекува договорот со Реал Мадрид на крајот на сезоната, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека Бремер ќе биде продаден.