Шпекулираа српските медиуми со неколку домашни стратези како опции ако Пикси и дефинитивно замине, но сега се појави информација дека фаворит за селекторската позиција во Србија е славниот Јоаким Лев.
Веста ја објави српска „Република“ која тврди дека преговорите започнале во Берлин и одат во добра насока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се споменуваа и српските стратези: Славиша Јокановиќ, Владимир Ивиќ, Вељко Пауновиќ и Саво Милошевиќ, меѓутоа во ФСС сакале новиот селектор да биде странец.
Ќе видиме во наредниот период, како ќе се одвиваат работите, но промените во таборот на Србија веќе и започнаа бидејќи беше објавено дека оставка од потпретседателската функција поднел Недимовиќ.