Дома Топ вести Феликс: Го убедив Бернардо Силва да дојде во Барселона

Феликс: Го убедив Бернардо Силва да дојде во Барселона

Жоао Феликс минатата недела откри дека најмногу би сакал Бернардо Силва да се пресели во Барселона, а овој пат даде и дополнување на таа призказна тврдејќи дека веројатно го убедил својот сонародник дека Барселона е вистински клуб за него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силва во интервју за каталонските медиуми не криеше дека Силва прифатил да дојде во Барселона, меѓутоа сега треба да има потег и од клубот.

“Мислам дека целосно го убедив Бернардо Силва да дојде во Барселона. Но сега не зависи само од него. Ме праша за локациите за куќата, каде се најдобрите ресторани, за безбедноста во градот… Ако дојде ќе бидам навистина среќен, но и ќе побарам провизија од Барселона“, низ смеа искоментира Португалецот.

Да потсетиме, Бернардо Силва има клаузула според која може да го напушти Манчестер Сити во летото 2024 година за 50 милиони евра. Неговата најголема желба е Барселона, дали Каталонците ќе го искористат овој зицер останува да видиме во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…