Хрватскиот шампион беше на прагот да подготви пријатно изненадување, но Олимпијакос во судиското продолжение сепак дојде до победа.
Ријека поведе кон крајот на првото полувреме со погодокот на Хебера, Оџиџа-Офое на средината на вториот дел израмни на 1:1, а во финишот следеше вистинска драма.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грчкиот шампион во последните десет минути имаше играч повеќе на теренот, бидејќи нашиот интернационалец Жута заработи црвен картон, а надмоќниот тим во третата минута од продолжението дојде до триумф преку Рома.
За Астана ќе биде потребно чудо, бидејќи Селтик убедливо славеше пред домашната публика.
Шампионот на Шкотска со 5:0 триумфираше и најверојатно ја заврши работата околу пласман во групната фаза од ЛШ.
На добар пат да се пласира во групната фаза е и Наполи. Италијанците славеа над Ница на домашен терен со 2:0.
Метеренс во 13. минута го отвори резултатот на асистенција на Инсињо,а победата ја заклучи Жоргињо од белата точка на дваесетина минути пред крајот.
Но, од големо значење беа и црвените картони на адреса на Ница, кога исклучување заработија Козилео и Пили.
Севиља во финишот дојде до победа во Истанбул против Башакшехир.
Шпанците поведоа преку Ескудер во раната фаза од мечот, Елијаро Елиај израмни кон средината на второто полувреме, а конечните 1:2 ги постави Бен Једер на пет минути до крајот.