Дома Топ вести Уште една легенда ја напушта Барселона

Уште една легенда ја напушта Барселона

Легендарниот состав на Барселона кој со години доминираше на европска сцена одамна веќе не е заедно.

Пике и Бускетс се едни од ретките фудбалери од легендарната генерација, но се очекува на крајот на сезоната и двајцата да ја напуштат Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Пике наводно размислува за завршување на кариерата, а на излезна врата е и Серхио Бускетс.

Овој 33-годишен играч за врска ги игра последните натпревари за Барселона и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Шпанецот добил понуда од Интер Мајами, клубот на Бекам, кој сака да го довесе во „пакет“ со Луис Суарез.

Според шпанските медиуми Бускетс дал начелна согласност за трансферот и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…