Дома Фудбал Јувентус се спаси со гол во третата минута од судиското продолжение против Рома (ВИДЕО)

Јувентус се спаси со гол во третата минута од судиското продолжение против Рома (ВИДЕО)

Во дербито на 27. коло од италијанското фудбалско првенство, екипите на Рома и Јувентус завршија нерешено 3:3, благодарение на голот на Федерико Гати во третата минута од продолжението. Беше возбудлив натпревар во кој Рома водеше со 1:0, 2:1 и 3:1, но Јувентус успеа да освои бод на крајот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома поведе во 39-та минута со прекрасниот гол на Бразилецот Весли Франца, кој од работ на казнениот простор ја погоди спротивната страна од голот. Јувентус израмни веднаш по почетокот на вториот дел со исто така убав гол на Франциско Консеисао, кој го совлада Мило Свилар со удар од 16 метри од половолезен.

Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Седум минути подоцна, Еван Ндика ја врати предноста за Рома откако на центаршут на Лоренцо Пелегрини. Тимот од Рим се доближи до победата со голот на Донјел Мален во 65-та минута. Но, Јувентус се врати во натпреварот во 78-та минута благодарение на Јеремиј Богa. Едон Жегрова нафрли, домашната одбрана ја одби топката, но директно на ногата на Богa кој погоди за 3:2.

Кога се чинеше дека домаќините ќе ги освојат трите бода, тимот од Торино успеа да израмни. Во 93-та минута Жегрова повторно нафрли, а Кели ја префрли топката до Гати, кој најдобро се снајде и погоди за конечни 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…