Дома Фудбал Фудбалска магија во Германија:

Фудбалска магија во Германија:

Во натпреварот помеѓу Хамбург и Лајпциг во Бундеслигата видовме еден гол каков што не се гледа често на фудбалските терен.

Гостите дојдоа до израмнување во 36. минута и тоа на мајсторски начин.

По асистенција од својот соиграч, Бразилецот Ромуло Кардосо се снајде одлично пред голот на ХСВ и со пета го надмудри голманот Хеур Фернандеш за 1:1.

Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

По израмнувањето, ХСВ се закани со два силни шутеви од далечина, но голманот Вандевурд беше сигурен на голот на тимот од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров: Кога играм за Македонија, давам сè од себе!

Матеј Гаштаров го запиша своето деби во дресот на македонската репрезентација, а и покрај …