Дома Фудбал Хаосот на Блискиот Исток го одложи закажаниот фудбалски спектакл во Катар!

Хаосот на Блискиот Исток го одложи закажаниот фудбалски спектакл во Катар!

Планираниот натпревар помеѓу актуелните европски и јужноамерикански шампиони, познат како „Финалисима“, кој требаше да се одигра на 27 март во Катар, е одложен поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, кои зафатија повеќе азиски земји.

Катарските власти објавија дека натпреварот е одложен откако и оваа земја стана мета на напади поврзани со регионалните воени дејствија.

Катар беше погоден од иранските напади, бидејќи на неговата територија се наоѓаат воени бази на САД.

„Поради актуелната безбедносна состојба, сите фудбалски настани во земјата се одложени до натамошно известување“, соопштија од Фудбалската федерација на Катар.

САД и Израел започнаа координирана воена операција против Иран, при што, според извештаите, е елиминиран врховниот духовен водач на таа земја, ајатолахот Хамнеи. Како одговор, Иран изврши воздушни напади на териториите на ОАЕ, Катар, Бахреин, Јордан и Кувајт, што дополнително ја дестабилизира безбедносната состојба во регионот.

Одлуката за одложување на „Финалисима“ е показател дека конфликтите имаат директно влијание и врз спортските настани, што значи дека љубителите на фудбалот од целиот свет ќе треба да почекаат нов датум за спектакуларната средба меѓу Шпанија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дури сега ќе „гори“ во Шпанија: Комитетот за судии призна дека Реал е ограбен

Атлетико во големото мадридско дерби го победи Реал со резултат 2:1, но од редовите на „кр…