Дома Фудбал Останато Страшно: Во напад во Иран загинаа 20 одбојкарки! (Видео)

Страшно: Во напад во Иран загинаа 20 одбојкарки! (Видео)

Според медиумите во Иран, викендот се случи напад на спортска сала во градот Ламерд, на југот од земјата, во кој загинаа 20 млади одбојкарки, а над 100 лица беа повредени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веста првично ја објави телевизискиот канал “Al Mayadeen”, повикувајќи се на локални извори, а подоцна потврдена и од други медиуми.

Нападот се случил во провинцијата Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите имало и деца кои во моментот на ударот се наоѓале во салата. Првичните извештаи зборуваа за над 15 загинати, но подоцна бројот на жртвите се зголемил.

По повод овој трагичен настан, реагираше и Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB), изразувајќи длабока загриженост и осуда за загубата на младите спортистки.

Во изјавата се вели дека FIVB е “шокиран и изразито загрижен од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран го изгубиле животот поради влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток и пошироко”.

“Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и сите кои се погодени од оваа криза што се развива”, нагласено е во изјавата.

Дополнително се вели дека десетици илјади членови на одбојкарската заедница во регионот се раселени и соочени со неизвесна иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонско девојче блесна во Варна: Илина Соколовска ја одведе Македонија на Светско првенство!

Илина Соколовска успеа да ги собере потребните бодови и да ја одведе Македонија на Светско…