Дома Трансфер зона Интер Мајами го потврди интересот за Меси и Бускетс

Интер Мајами го потврди интересот за Меси и Бускетс

Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил потврди дека американскиот клуб покажува интерес кон Лионел Меси од ПСЖ и Серхио Бускетс од Барселона.

На двајцата им завршуваат договорите со своите клубови на лето, а Бускетс веќе потврди дека на лето ќе ја напушти Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Лионел Меси нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ, па на лето и тој ќе биде слободен агент.

„Сакаме да ги доведеме најдобрите играчи, а Меси и Бускетс се такви фудбалери. Тие можат да донесат огромен успех не само за нашиот клуб, туку и за МЛС. Ако пристигнат ќе се промени целата лига“, изјави Невил.

Договорот со Бускетс е во завршна фаза, додека Меси ја разгледува и можноста за враќање во Барселона, а Мајами е втора опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…