Дома Фудбал Македонец даде гол од центар! (Видео)

Македонец даде гол од центар! (Видео)

23-годишниот македонски напаѓач Марио Илиевски продолжува да прикажува одлични настапи во дресот на ФК Приштина, а вчера во косовското првенство постигна погодок каков што ретко се гледа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приштина ремизираше 1-1 против ФК Дрита, а стрелец на единствениот гол за домаќините беше токму Илиевски.

Македонскиот интернационалец погоди од центарот на теренот, мајсторски изненадувајќи го противничкиот голман и предизвикувајќи воодушевување кај присутните на трибините.

Од почетокот на првенството за Илиевски ова беше десетти гол со кој се наоѓа на второто место на листата стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман за поништениот гол на Германија: Целосен скандал

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Германија неочекувано беше исфрлена од Парагвај во осминафин…