Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда до Бускетс за продолжување на соработката, иако се чинеше дека капитенот сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.
Меѓутоа, Бускетс е лут на клубот бидејќи смета дека Барселона морала многу порано да му навести дека сака да го задржи, да покаже многу поголема почит.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но и покрај тоа Бускетс најверојатно ќе ја прифати понудата и ќе стави потпис на нов договор со клубот до 2024 година.
Медиумите откриваат дека во договорот ќе има и клаузула според која Бускетс може да остане на „Камп Ноу“ уште една дополнителна сезона, до летото 2025 година.