Виктор Линделоф е вториот важен фудбалер на Манчестер Јунајтед кој оваа недела потпиша нов договор со клубот од „Олд Трфаорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со новиот договор Швеѓанецот се обврза на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2024 година со опција за продолжување на додатни 12 месеци.
25-годишниот дефанзивец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2017 година и до овој момент има запишано 74 меча за „црвените ѓаволи“.
„Уште кога пристигнав во Јунајтед се чувствувам тука како дома. Во последните две години пораснав многу како личност и како фудбалер, за што сум му благодарен на сите во клубот. Целта ми е да му помогнам на клубот да освојува трофеи во иднина“, изјави Линделоф.
✍️ @VLindelof has committed his future to #MUFC!
— Manchester United (@ManUtd) September 18, 2019