Пред неколку дена се појави информација дека Европското првенство би можело да се одржи само во Англија.
Денес стигна и официјалниот став на УЕФА. Европската куќа на фудбалот засега е јасна по тоа прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како и што е објавено турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува иста“, одговорија од УЕФА.
И Британскиот премиер Борис Џонсон кој порачуваше дека тие се спремни да го организираат ЕП денес потврди дека УЕФА не сака да менува планот.
„УЕФА е одлучна ЕУРО 2020 да се игра во 12 европски градови, според договорениот распоред. Промени нема“.
Европското првенство е планирано да се игра во: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.
Ќе потсетиме Македонија двата натпревари со Австрија и Украина ги игра во Букурешт, а третиот натпревар против Холандија треба да го играме во Амстердам.