Поранешниот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски стигна до уште големо признание во дресот на кипарски АЕК.
Слободно можеме да кажеме дека популарниот Тричко за седум години во дресот на кипарскиот клуб стана вистинска легенда, еден од најголемите кои го носеле овој дрес. Со вчерашниот натпревар против Аполон, Тричковски стана рекордер по бројот на натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенската лента на АЕК, Тричковски ја носи од сезоната 2019/2020, а токму таа сезона беше и најдобар стрелец во првенството на Кипар. Исто така Македонецот е рекордер по бројот на голови за АЕК во Европа.
Во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и во официјалната сезона од ЛЕ и Конференциската лига стигна до бројката од 21 гол.
Актуелниот договор со АЕК му истекува во јуни до 2024 година.