
Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шампионот на Шпанија бара универзален одбранбен играч со способност да игра на двата краја. 26-годишниот Италијанец, кој долго време е следен од страна на каталонците поради стилот на својата игра, одговара на сите критериуми на Барса.
Договорот со Јувентус му е до 30 јуни 2029 година. Камбијазо се смета за клучен играч на тимот по назначувањето на тренерот Лучано Спалети, додава БТА.
Сепак, “Бјанконерите” го оценуваат на повеќе од 50 милиони евра и понуди за помалку нема да бидат разгледани од страна на управата. Ова сигурно ќе претставува проблем за Барселона.