Тоше Ончев се враќа во Македонија и потпиша тригодишен со тимот на Охрид.
Ончев во Охрид доаѓа од Тримо Требње (Словенија), а пред тоа 25-годишниот лев бек својата кариера ја градеше во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон (Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја.
Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона” – изјави Ончев на својата презентација.