Дома Трансфер зона Тимо Вернер му се понуди на Баерн Минхен

Тимо Вернер му се понуди на Баерн Минхен

Младиот напаѓач на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Веќе извесно време медиумите тврдат дека 22-годишниот напаѓач е трансфер цел на Баерн Минхен, а самиот Вернер не ја исклучува таа можност.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не сакам да брзам. Има време до крајот на сезоната да одлучам за мојата иднина. Ако играш за Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, тогаш можеш да преминеш само во еден клуб, а тоа е Баерн Минхен“, изјави Вернер.

„Се разбира, опција е да останам во Лајпциг уште една година. Сепак, има и други клубови и надвор од Германија кои се опција за мене“, додаде младиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најголемата желба на Мота: Ќе плати ли Јувентус 60 милиони евра?

По доведувањето на тренерот Тиаго Мота, како и договорот со голманот на Монца ди Грегорио,…