Дома Фудбал Останато Судот потврди: Руските клубови суспендирани од европските натпреварувања

Судот потврди: Руските клубови суспендирани од европските натпреварувања

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја потврди забраната за руските клубови да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА.

УЕФА одлучи да ги суспендира клубовите од Русија да се натпреваруваат под нејзино покровителство поради воената инвазија над Украина.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Одлуката на УЕФА ја потврди и ЦАС, па Русите дефинитивно ќе останат без европските натпреварувања во остатокот од сезоната.

Под иста суспензија е и руската фудбалска репрезентација на која ФИФА и забрани учество во баражот за Светското првенство во Катар.

Руската Федерација ја оспори и оваа одлука пред судовите и побара нејзино укинување, а ЦАС наскоро ќе одлучи за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед тргнува по Шешко

Една од лигите каде што секогаш е најинтересно да се следат трансфер приказните е англиска…