Дома Фудбал Останато Стоичков: Куман не е виновен, Барса мора под итно да го продаде Гризман

Стоичков: Куман не е виновен, Барса мора под итно да го продаде Гризман

Роналд Куман не се прослави во првата сезона како тренер на Барселона, но се уште е во клубот.

Се уште не е познато дали Куман и дефинитивно ќе замине, засега има само најави од медиумите за такво нешто. На таа тема сега во медиумите се огласи легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сите зборуваат само за Куман, но тој не е виновен. На терен излегуваат 11 играчи и тие играат, не Кумкан“, зборуваше Стоичков, а потоа испрати критики за Гризман.

„Во натпреварите против Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид и Атлетико не покажа дека навистина вреди толку пари. Кога е тој на теренот Барса игра со 10 играчи. Мораат под итно да го продадат“, нагласи Стоичков.

Сезонава Гризман на 35 лигашки натпревари постигна 12 голови и во просек игра по 72 минути. Има и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…