Дома Македонски спорт Мак фудбал Стефан Ашковски отпадна за натпреварите со Молдавија и Црна Гора

Стефан Ашковски отпадна за натпреварите со Молдавија и Црна Гора

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари на А репрезентацијата против Молдавија и Црна Гора. 

Стефан Ашковски веќе три недели го мачи повредата на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22. март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…