Дома Македонски спорт Мак фудбал Среќата на страната на Бериша, Македонија ремизираше со соседна Албанија (Видео)

Среќата на страната на Бериша, Македонија ремизираше со соседна Албанија (Видео)

Македонската репрезентација вечерва во рамкии на осмото коло од квалификациите, во Струмица ја пречека селекцијата на соседна Албанија со која во финишот се ремизираше.

Иако Македонија ја има доминацијата на топката во текот на целиот меч, Албанија успеа да се извлече само со реми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот погодок беше постигнат од првата шанса за гостите, а беше дело на Рши во 53. минута.

Сепак, во 78. минута беше досуден пенал за нашата селекција, а од белата точка беше прецизен Трајковски.

До крајот целосна офанзива на момците на Игор Ангеловски, целосно напаѓачки ориентиран ростер, Алиоски нижеше шанси, исто колку и Несторовски, но среќата ни го заврте грбот во последните моменти.

Македонија не успеа да слави, но по овој меч има 7 бодови на табелата. Албанија пак, го нанижа 13 бод за третото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…