Дома Трансфер зона „Специјалниот“ го губи трпението: На лето си одат две ѕвезди

„Специјалниот“ го губи трпението: На лето си одат две ѕвезди

Жозе Мурињо е разочаран после слабата партија против Севиља во Лигата на шампиони, па сака да направи промени во тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Португалецот има скапи ѕвезди во составот, неговиот тим не делува опасно на теренот, а тоа посебно се виде на дуелот со Севиља кога Де Геа ги спаси „црвените ѓаволи“ од пораз.

Еден од оние кои не се во добри односи со Мурињо е Пол Погба, па 24-годишниот Французин ја разгледува можноста да си замине од „Олд Трафорд“.

Покрај Погба, Мурињо планира да се ослободи и од Андер Ерера кој исто така не го покажа целиот потенцијал по доаѓањето во Манчестер Јунајтед.

Мурињо е спремен за промени во тимот на лето, а продажбата на Погба и Ерера ќе ја наполни касата на „црвените ѓаволи“, за да може „Специјалниот“ да ги донесе двете најголеми желби – Иван Ракитиќ од Барселона и Герет Бејл од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…