Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју зборуваше на различни теми, меѓу кои и денешниот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер раскажа некои случувања во соблекувалната на „ѓаволите“ додека бил фудбалер на премиерлигашот.
„Сите фудбалери во соблекувалната беа неверојатни. Кин беше лидер, Меј беше забавен, Невил секогаш нешто работеше, а Рајан Гигс ги забавуваше сите.
Понекогаш се каравме по лош натпревар, а за тоа никој не дознаваше затоа што секогаш остануваше меѓу нас. Сега ако направите такво нешто, фудбалерите веднаш ќе се жалат кај родителите и менаџерите“, вели Солскјер.