Македонскиот голман Столе Димитриевски продолжува да брани во одлична форма и сигурно е еден од најдобрите голмани во Ла Лига во овој момент.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличен настап имаше Димитриевски и во последното коло против Осасуна каде што запиша неколку одлични интервенции, но сепак прими гол во судиското продолжение и Осасуна ги освои бодовите.
Сепак, Димитриевски одново се најде на листата најдобри интервенции со одличната одбрана кога успеа да ја зачува мрежата иако беше фатен на „погрешна нога“.
Одбраната на колото ја имаше голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак во гостувањето кај Атлетик Билбао.