Дома Фудбал Италија Скандал: Ѕвездата на Јувентус пред отказ!

Скандал: Ѕвездата на Јувентус пред отказ!

Гонзало Игуаин јасно им ставил до знаење на челниците на Јувентус дека не сака да се врати назад во Италија додека не стивне големата криза со коронавирусот, пренесува „Скај Италија“.

Напаѓачот беше првиот од Јувентус кој ја напушти земјата по воспоставувањето на карантинот низ целата територија на Италија, а неговите соиграчи Даниеле Ругани, Блез Матуиди и Пауло Дибала беа позитивни на КОВИД-19.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само по 14-дневен период на карантин, на Игуаин му беше дозволено да лета во Аргентина, каде неговата мајка води борба со карцином.

Тренинзите во италија најверојатно ќе почнат на 4-ти мај, но сите странски фудбалери кои се враќаат во Италија претходно треба да поминат во задолжителен 14 дневен карантин пред да се приклучат на тимот.

„Скај Италија“ тврди дека Игуаин не размислува да се врати во Италија и сака да остане со својата мајка во Аргентина, а тоа може да го чини 7,5 милиони евра.

Јувентус му спрема „отказ“ и автоматско раскинување на договорот, па Игуаин може да изгуби 7,5 милиони евра, бидејќи има уште една година од договорот со „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…