Дома Топ вести Симеоне донесе конечна одлука за својата иднина!

Симеоне донесе конечна одлука за својата иднина!

Атлетико Мадрид, во средата, не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите, а во петокот, навивачите на клубот ја добија најдобрата можна вест. Тренерот Диего Чоло Симеоне и наредната сезона ќе го предводи тимот.

Чоло е еден од најбараните светски тренери, отворена понуда му испрати Интер, за неговото „здравје“ се распрашуваше и ПСЖ, шпекулациите говореа дека и Арсенал кокетира со него, но тој реши уште една сезона да го предводи Атлетико.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Аргентинскиот тренер, наредната сезона ќе се обиде со тимот да стигне до единствениот трофеј кој го нема освоено со Атлетико, Лигата на шампиони.

Симеоне преку видео линк, во петокот, „присуствуваше“ на промоцијата на „Ауди купот“ кој во Минхен ќе се одржи на 1. и 2.август. Покрај Атлетико на турнирот ќе учествуваат Баерн Минхен, Ливерпул и уште една екипа.

Одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со неговата иднина, тој рекол: „Фактот што се појавив тука е јасен знак. Дефинитивно се гледаме на Ауди купот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен тргнува по Родриго

Реал Мадрид размислува да го продаде Родриго за 90 милиони евра, а сега и Баерн Минхен се …