УЕФА во текот на следната седмица треба да го соопшти домаќинот за Европското првенство 2024 година, а кандидати се Турција и Германија.
Европската куќа на фудбалот денес изрази загриженост поради непочитувањето на човековите права во Турција, па Германија ќе се обиде да ги искористи недостатоците во турската кандидатура во својата кампања за организацијата на првенството.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Не постоењето на акциски план во врска со човековите права предизвикува загриженост“, наведуваат од УЕФА.
„Кандидатурата на Фудбалската федерација на Германија е квалитетна и ги исполнува сите очекувањa во однос на политичките прашања, социјалната сигурност, одржливост и човековите права“, наведуваат од УЕФА.
Дополнителен проблем за Турција се и законските ограничувања за рекламирање на алкохолни производи што ја доведува УЕФА во конфликт со спонзорите. Извршниот комитет на УЕФА во четврток ќе гласа за домаќинот на Европското првенство во 2024 година.