Дома Фудбал Италија Свештениците во Неапол бараат да се запре преименувањето на стадионот

Свештениците во Неапол бараат да се запре преименувањето на стадионот

Група свештеници се спротиставија на идејата стадионот на Наполи да се вика Диего Армандо Марадона.

Марадона почина пред една недела како последица на срцев удар, а градоначалникот на Наполи веднаш започна постапка стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во Диего Армандо Марадона и наскоро се очекува се да биде завршено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако идејата им се допадна на сите во Наполи, група свештеници од Неапол испратија писмо до општината барајќи да се запре постапката.

„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се именува по светенцот кој нас ни го донесе Исус. Со понизост чувствуваме одговност тоа ви го кажеме. Би било стадионот да се вика „Сан Паоло – Марадона“. Тоа би било компромис во кој би ја почитувале верата и би оддале почит на шампион како Марадона“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…