Во Наполи мислењата за Сари се поделени, а тоа го потврдува последната изјава Дрис Мертенс.
Инсиње го нарече Сари предавник и го потврди тоа уште еднаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За нас Наполитанците тоа е класично предавство. Кажав веќе и пак ќе кажам ако треба – Сари е предавник. Мораме да се сконцентрираме и да се обидеме да го победиме. Сонуваме титула во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да ја освоиме“, гласеше Инсиње неодамна.
Meртенс пак не гледа проблем во тоа што Сари ќе го води Јувентус.
„Чудно е што е во Јувентус, меѓутоа јас не гледам проблем. Јас ќе го сакам секогаш поради тоа што направи за мене“, порача белгискиот фудбалер.