Дома Фудбал Интер и Јувентус се натпреваруваат за голманот на Тотенхем

Интер и Јувентус се натпреваруваат за голманот на Тотенхем

Голманот на Тотенхем, Гулиелмо Викарио, сака да го напушти клубот летово и да се врати во Италија, веќе се согласил за трансфер во Интер, објавува Николо Скира.

Така, “неразурите” се подготвени да започнат преговори со “Спарси” за трансферот на италијанскиот репрезентативец. Тие веќе се сретнале со агентот на 29-годишниот играч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо и Матео Морето откриваат дека и Јувентус сака да го доведе чуварат, но моментално тој е поблизу до Интер. Оваа сезона Викарио има 38 одиграни натпревари, во кои забележал 13 чисти мрежи и примил 54 гола.

Романо и Морето исто така додаваат дека двата италијански гиганта се откажале од можноста да потпишат со голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, бидејќи бразилскиот репрезентативец сака да остане на “Енфилд”, иако неговиот договор трае само до летото 2027 година. Според Ромео Агрэсти, друга опција пред Јувентус за оваа позиција е Марко Карнезеки од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Робертсон може да се врати онаму каде што ја почна кариерата!

Енди Робертсон се наоѓа на прагот на значајно враќање во клубот каде што ја започна својат…