Дома Фудбал Арбелоа мака мачи во Реал, но не се откажува: Подготвен е да повика и играчи од младинскиот тим

Арбелоа мака мачи во Реал, но не се откажува: Подготвен е да повика и играчи од младинскиот тим

Фудбалерите на Реал Мадрид во петок патуваат во Виго на пресметка со Селта, а Алваро Арбелоа се соочува со бројни кадровски проблеми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што стана јасно оваа недела, Родриго ги повреди лигаментите на коленото, најлоша можна повреда која ќе го држи надвор од терените меѓу 10 и 12 месеци. Од претходно, повредени се Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Дани Себаљос, а на нивната листа сега се придружува и Давид Алаба. Дин Хаусен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно се под суспензија.

“Алаба нема да биде подготвен, но Асенсио би можел да се врати. Ако и тој не успее, имаме на располагање млади играчи како Диего Агвадо и Ламини Фати од вториот тим, во кои имам голема доверба. Нашиот тим од младинската категорoja е полн со играчи на исто годиште со Мастантуоно и Хаусен, веќе со години играа за Кастиља. Се сеќавам кога го донесовме Винисиус како млад играч и му верувавме, и покрај сите приказни околу него, сега гледате каде е. Ние мора да имаме трпение. Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот и не е за секого, затоа мора да ги заштитиме и поддржуваме нашите млади таленти кои знаат што значи Реал Мадрид,” изјави Арбелоа.

Тој не се откажува од борбата за титулата.

“Барселона е пред нас со четири, а не осумнаесет поени. Сè додека сме математички во игра, ќе се бориме за титулата. Сепак, на играчите им реков да не гледаат на табелата, туку да се концентрираат на Селта, која е најважниот натпревар за нас во моментов. И јас не размислувам за ниту еден друг противник,” нагласи Арбелоа.

Натпреварот меѓу Селта и Реал Мадрид е закажан за петок во 21:00 часот, а потоа следи првиот дуел со Манчестер Сити, во среда во истиот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница на арената: Ивановски херој на Пелистер со гол во 92. минута! (Видео)

Во натпревар со драма и неизвесност, Работнички и Пелистер одиграа реми од 3-3, исход кој …