Дома Останати Тенис Скандал пред почетокот на Индијан Велс: Директор ја допираше Рибакина…(Видео)

Скандал пред почетокот на Индијан Велс: Директор ја допираше Рибакина…(Видео)

Шампионката на Австралија Опен, Елена Рибакина, се најде во центарот на вниманието по инцидентот кој се случи за време на доделувањето на трофејот на егзибицискиот турнир во Индијан Велс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На видео снимката која брзо се прошири на интернет, се забележува како официјалецот Дејвид Ренкер, стоејќи покрај Рибакина, ја става раката зад нејзиниот грб насочувајќи ја кон струкот.

Треторангираната тенисерка веднаш реагирала, тргајќи му ја раката и погледнала со остар поглед, по што тој се повлекол.

Инцидентот предизвика бран од негативни коментари на социјалните мрежи, каде жестоката реакција на јавноста го осуди потегот на официјалецот како несоодветен.

И покрај инцидентот, казахстанската тенисерка останува посветена на главниот турнир во Индијан Велс, каде се смета за една од фаворитките.

Инаку, Рибакина сѐ уште не се огласила јавно за овој настан, но прикачи фотографии со колегата Тејлор Фриц, прославувајќи го успехот на егзибицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…