Дома Фудбал Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионатот. Во натпреварот од 29-от круг, игран на „Тотенхем Хотспур Стадион“, „спарс“ повторно ги разочараа своите навивачи, доживувајќи пораз од 1:3 во лондонското дерби со Кристал Палас.

Иако Доминик Соланке (34′) им донесе предност на својот тим, составот на Игор Тудор дозволи целосен пресврт уште пред полувремето по прецизните удари на Исмаила Сар (40′-пенал и 45+7′) и Јорген Странд Ларсен (45+1′).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така, Тотенхем ја продолжи „црната“ серија од 11 натпревари по ред без победа во првенството, што е најдолгата ваква серија во ерата на Премиер лигата од 1992 година. Тимот го подобри својот претходен антирекорд, забележан во 1994 година, кога „спарс“ запишаа 10 последователни натпревари без успех. Лондончани уште немаат успех од почетокот на календарската 2026 година, при што е интересен податок што последната нивна победа беше токму против Кристал Палас на 28 декември.

По овој пораз, Тотенхем е само на еден бод од опасната зона и го зазема 16-тото место со 29 бода. Кристал Палас, пак, може да дише сè поcпокојно, искачувајќи се на 13-тата позиција со 38 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Робертсон може да се врати онаму каде што ја почна кариерата!

Енди Робертсон се наоѓа на прагот на значајно враќање во клубот каде што ја започна својат…