Дома Моторспорт Возачи на Астон Мартин не можат да возат цела трка поради ризик по здравје (Видео)

Возачи на Астон Мартин не можат да возат цела трка поради ризик по здравје (Видео)

Шефот на Астон Мартин, Адриан Њуи, изнесе загрижувачки информации пред трката за Големата награда на Австралија, со која ќе започне овогодинешното првенство на Формула 1 овој викенд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Њуи откри дека возачите на тимот Фернандо Алонсо и Ленс Строл ризикуваат трајни оштетувања на нервите во рацете поради силните вибрации во болидот.

Екипата од Силверстон имаше проблеми со новиот болид AMR26, дизајниран токму од Њуи, за време на предсезонските тестирања.

Најголем предизвик претставуваше доверливоста на погонската единица на производителот Хонда.

Поради тоа, тимот и јапонскиот производител интензивно работеа во Велика Британија и Јапонија за да ги решат проблемите, кои главно беа поврзани со силните вибрации кои предизвикуваат откажување на батеријата во погонската единица.

„Фернандо смета дека не може да вози повеќе од 25 последователни круга без ризик од трајно оштетување на нервите во рацете. Ленс верува дека кај него тој праг доаѓа уште порано – веќе по 15 круга. Поради тоа, ќе мора сериозно да го ограничиме бројот на кругови што можеме да ги возиме во трката, се додека не го решиме причинителот на вибрациите”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нема крај на проблемите: Откажување ѝ се заканува и на третата трка на Формула 1 по ред

По откажувањето на Големите награди на Саудиска Арабија и Бахреин поради политичката ситуа…