Aлексис Санчез оваа зима многу веројатно ќе го напушти Интер, а според последните информации од медиумите Чилеанецот има понуда од Евертон.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми откриваат дека Евертон спрема понуда за Санчез. Рафа Бенитез сака да ја засили конкуренцијата во нападот, па покрај Санчез се споменуваше и Лингард. Санчез не е стандарден ниту кај Симоне Инзаги и најавите се дека Интер ќе прифати раскинување на договорот за да се ослободи од неговата голема плата.




Оваа сезона Санчез одигра само пет натпревар и има една асистенција. Сепак, во тие пет натпревари собра само 85 минути затоа што влегуваше од клупата. Имаше проблеми и со повреда, но и кога е спремен за игра не добива повеќе од 15-20 минути.




Понудата од Евертон би можела да биде привлечна за Санчез кој така би се вратил во Премиер лигата каде што најмногу се прослави во дресот на Арсенал.