Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ го најде човекот кој ќе ги реши проблемите во Баерн?

Салихамиџиќ го најде човекот кој ќе ги реши проблемите во Баерн?

Спортскиот директор на минхенски Баерн, Хасан Салихамиџиќ полека го припрема теренот за донесување на засилувања во јануарскиот преоден рок.

Еден од фудбалерите кои се на радарот на Хасан е српскиот фудбалер Никола Миленковиќ, кој моментално е член на Фиорентина и кој би требало да ги реши дефанзивните проблеми на минхенскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што тврди Тутомеркато, Баерн се распрашува за услугите на 21. годишниот стопер кој игра во одлична форма, а одговорот кој го добиле од Фиренца е 50 милиони евра.

Тоа е почетната понуда за Миленковиќ. Оној кој сака да го има мора да ја подобри понудата бидејќи конкуренцијата е огромна.

Покрај Баерн, за Миленковиќ интерес покажува Манчестер Јунајтед и Јувентус, а токму тој беше причината поради која Мурињо ја гледаше репрезентацијата на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челси сака да потпише со врвен искусен централен бек за 26 милиони фунти овој месец

Челси наводно е заинтересиран да потпише со врвен и искусен централен бек за само 26 милио…