Дома Фудбал Германија Садио Мане за прв пат проговори за конфликтот со Сане

Садио Мане за прв пат проговори за конфликтот со Сане

Фудбалерот на Баерн, Садио Мане за прв пат проговори за конфликтот со соиграчот Лерој Сане.

Сенегалецот го удри Сане во лицето во соблекувалната по убедливиот пораз од Манчестер Сити (0:3) во четврт-финалето на Лигата на шампионите во април годинава.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Такви работи може да се случат меѓу играчите и ни се случи. На крајот успеавме да го решиме тој мал проблем. Решавањето на проблемите е добро, но можеби не на овој начин“, изјави Садио Мане.

Имаше најави дека Мане ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната, но засега нема индикации дека предвреме ќе го раскине тригодишниот договор со Баварците.

„Сега се е зад нас. Ќе се обидеме заедно да се бориме за да му помогнеме на клубот да ги постигне своите цели за следната сезона“, вели поранешниот играч на Ливерпул.

Сенегалецот истакнува дека бил свесен дека ќе му треба време да се прилагоди на новата земја, лига и клуб.

„Сезоната беше тешка и не бев изненаден, очекував се да биде малку потешко. Сето тоа е нормално“.

Поради споменатиот конфликт Баерн го казни Мане со 500.000 евра. Подоцна Сане побарал од управата на клубот да не го раскинува договорот со Сенегалецот.

Мане минатата сезона одигра 38 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 12 гола, од кои 25 во Бундеслигата (седум гола).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп проговори за “промашувањето“ од 125 милиони евра: “Тој за мене е…”

Навивачите на Ливерпул имаа големи очекувања од трансферот на Флориан Вирц. Ова е вториот …