Прославениот бразилски голгетер денес е пуштен од болницата на популарното шпанско летувалиште „Ибица“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради грипот кој го „закачи“ на место, Роналдо мораше да помине неколку дена на интезивна нега, а потоа беше префрлен во една од приватните клиники. Шпанските медиуми денес пишуваат дека бразилската легенда е пуштена од болница.
Според извештаите на вработените во болницата, Роналдо не излегол од главната врата на болницата поради големиот број медиуми.
Се наведува дека Роналдо си заминал од споредниот влез и сега се наоѓа во неговиот дом на овој остров.
Легендарниот фудбалер со Бразил во 2002 година го освои Светското првенство на кое тој постигна осум погодоци и ја освои Златна копачка.