Дома Трансфер зона Рома го купува фудбалерот кој не е потребен во Каталонија?

Рома го купува фудбалерот кој не е потребен во Каталонија?

Прашање е само дали „Волчицата“ ќе биде спремна да плати доволно.

Не во плановите на Роналд Куман, а ниту Барса не смета на него иако има опција да го врати на „Камп Ноу“ за скромни 12 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Рома смета дека 23 годишниот Делофеу би бил одлична замена за Мохамед Салах кој премина во Ливерпул за 42 милиони евра.

Финансиски тоа би било одлично за Рома иако и тоа би можело да претставува проблем бидејќи во Евертон сигурно ќе ја земат во предвид продажбата на Салах. Не е невозможно и Барса да го откупи само за да го препродаде бидејќи Делофеу прикажа одлични настапи на позајмицата во Милан.

Наводно Рома е спремна да понуди 15 милиони евра, но нема сомневање дека тоа е само почетна точка.

Да потсетиме и Милан со задоволство би го задржал Делофеу, само прашање е колку далеку „росонерите“ можат да одат со понудат со оглед на тоа дека веќе потрошија повеќе од 100 милиони евра на доведување на Франк Кеси, Рикардо Родригез, Матео Мусакио и Андреа Силва.

Меѓутоа, никој не може да започне преговори додека не се договорат Евертон и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…