Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо ја советуваше Барселона да го доведе Нејмар во своите редови.
Во последно време бројни фудбалери се поврзуваат со Барселона, најмногу Лаутаро и Нејмар кој веќе играше на „Камп Ноу“, а Ривалдо нема дилеми кој би бил подобро решение.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За потенцијалното засилување на Барселона пишуваше во својата колумна за „Бетфаир“.
„Растат гласините за намерата на Барселона во претстојниот преоден рок да ги доведе Лаутаро или Нејмар. Иако младиот Аргентинец е одличен фудбалер, верувам дека Нејмар подобро решение и посигурна опција бидејќи веќе играше покрај Меси. Во минатото многумина не успеваа да се снајдат со играњето со Меси“, пишува Ривалдо.
Ривалдо кој и самиот играше за Барселона исто така наведува дека неговиот сонародник е еден до ретките фудбалери кои не чувствува притисок на теренот.
„Мартинез можеби за две-три години ќе биде добро засилување“, додаде бразилската легенда.