Дома Фудбал Останато Ривалдо: Елиминацијата на Барселона е добра работа за фудбалот

Ривалдо: Елиминацијата на Барселона е добра работа за фудбалот

rivaldo

Легендата на Барселона, Ривладо смета дека елиминацијата на неговиот поранешен клуб од Лигата на шампионите е добра работа за фудбалот.

Каталонскиот клуб против Рома во ¼ финалето славеше со 4:1 на првиот натпревар, но во Рим „волчицата“ направи вистинско чудо и славеше со 3:0.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Бразилецот Ривладо во 2002 година од Барселона премина во Милан, а истата година ја освои Лигата на шампионите со „росонерите“.

„Интересно е тоа што се случи во Рим. Како играч и навивач на Барселона сум тажен, но победата на Рома покажува дека Реал и Барселона не се единствените клубови во светот. Реал Мадрид исто така беше блиску до елиминација и сигурен сум дека ова ќе донесе одредени промени. Ваквите неочекувани пресврти се добра работа за фудбалот“, изјави Ривалдо.

Во полуфиналето од Лигата на шампионите Реал ќе игра против Баерн додека, вториот пар го сочинуваат Ливерпул и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прекрасен гол на Чурлинов🎥

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов постигна прекрасен гол во триумфот на Јагиелон…