Дома Фудбал Германија Ренато Санчез проговори за својата иднина!

Ренато Санчез проговори за својата иднина!

Ренато Санчез сигурно нема да премине во Јувентус ова лето тоа го потврди во разговор за медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на репрезентацијата на Португалија, Ренато Санчез најверојатно ова лето ќе остане во Баерн Минхен иако се шпекулираше дека би можел да го напушти германскиот шампион.

Овој 19 годишен фудбалер се поврзуваше со Јувентус, а во изјава за италијанските медиуми откри дека нема намера да замине.

„Баерн е одличен клуб и сакам да останам тука. Ако морам да заминам нема да бидам разочаран, но мојата цел е да останам и да дадам се од себе“, изјави Санчез.

Баерн потроши 35 милиони евра за овој фудбалер од средината на теренот, но Ренато Санчез одигра само девет натпревари како стартер.

Сепак, има само 19 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Светот повторно се воодушеви од дисциплината и културата на јапонските навивачи. Како ПАМЕ…