Дома Останати Ракомет Регионот во неверување: Ова е како сцена од мафијашки филм – детали од престрелката која ја потресе Србија!

Регионот во неверување: Ова е како сцена од мафијашки филм – детали од престрелката која ја потресе Србија!

Денес Србија беше потресена од шокантниот настан во кој животот го загуби претседателот на РК Црвена Звезда и потпретседател во Ракометниот сојуз на Србија, Мирко Бутулија.

Освен претседателската функција во Звезда и потпретседателската во РС Србија, Бутулија беше и прв човек на Автомото сојузот на Србија (АМСС).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бутулија беше застрелан од генералниот секретар и негов близок соработник, Предраг Ѓурѓев кој потоа и самиот си го одземал животот.

После објавувањето на шокантната вест од страна на Министерството за внатрешни работи се огласија и голем број спортски работници.

„Не можеме да си поверуваме. Ова е како сцена од некој мафијашки филм. Неверојатно вакво нешто да се случи помеѓу спортски работници и блиски соработници“, во главно се пораките од спортската јавност во соседството.

Во јавноста засега се уште нема информации за причините поради кои Ѓорев се одлучил на таков шокантен чекор.

Некои гласини велат дека Ѓурѓев влегол во расправија со еден од вработените која траела неколку минути. Потоа во рапсравијата се вклучил Бутулија кој се обидел да ги смири работите. Тогаш Ѓорѓев извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон Бутулија.

Караницата од спротивната просторија ја слушнала секретарката на Бутулија која не знаела што да направи и скокнала низ прозорецот. На крајот Ѓорѓев седнал на столот на Бутулија и со еден испукан куршум во главата самиот си го одземал животот.

Бутулија давал знаци на животот, но во болницата им подлегнал на повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…