Се појасно станува дека наскоро ќе видиме и реванш меч помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор, но овој пат во ММА.
Минатата година никој не веруваше дека Конор може навистина да аплицира за боксерска лиценца и да влезе во боксерскиот ринг против Флојд Мејведер. Сепак, Конор токму тоа и го направи и за тоа доби 100 милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште од завршувањето на нивната борба се зборува за нивни реванш, но Мекгрегор порача дека сега би се борел само на негов терен, во УФЦ кафезот. Мејведер во последните месеци со објавите на социјалните мрежи го провоцираше Конор, но изгледа и најавува нов борба.
Дека сериозно размислува за реванш покажа и оваа недела изјавувајќи дека има намера да побара ММА лиценца, а пронашол и спаринг партнер.
41 годишниот боксер откри дека за своето ММА деби веројатно ќе се припрема со Тајрон Вудли, УФЦ шампион во својата категорија.
„Наскоро започнувам со припремите, често се слушам со Вудли. Тајрон е неверојатен борец и тежок противник. За се треба време. Со тек на времето ќе побараме и ММА лиценца и се надевам дека ќе можам да се борам. Дури и ако бидат потребни шест до осум месеци…Колку и да треба не е важно“, изјави Мејведер.
Floyd Mayweather to apply for MMA licence and wants six to eight months of training for possible rematch with Conor McGregor in UFC https://t.co/w1OXXLd7vn
— MailOnline Sport (@MailSport) March 19, 2018