Познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор на социјалните мрежи објави дека вложил голема сума Шпанија да го освои Европското првенство.
Европското првенство во фудбал денеска започнува со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ирецот на турнирот ќе навива за Шпанија, а на триумф на оваа репрезентација вложил 83.500 долари и сега чека милионска исплата.
„Вамос Шпанија. Лесни пари за победа на Шпанија на Европското првенство на мојот роденден. Убаво милионче за „Мек“!“, објави Мекгрегор кој на 14. јули кога се игра финалето ќе наполни 36 години.
Vamos Spain! Easy money on the Spaniards to win the Euros on my birthday! A nice mil for The Mac!@Duelbits @SEFutbol @SergioRamos pic.twitter.com/VCunOxCbBh
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) June 13, 2024