Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по Лука Ернандес

Реал Мадрид тргнува по Лука Ернандес

Реал Мадрид е силно заинтересиран за ѕвездата на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Лука Ернандес, пренесуваат шпанските медиуми.

Баварците се спремни да се разделат со Ернандес ова лето, но само доколку пристигне понуда од 60 милиони евра, пренесува „АС“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на 26-годишниот Французин со Баерн истекува во јуни 2024 година и тој игра многу важна улога во тимот.

Лука Ернандес пристигна во Баерн во 2019 година од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра, па е спремен повторно да се врати во Шпанија.

Братот на Лука Ернандес, Тео беше член на Реал Мадрид од каде се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…