Дома Топ вести Реал Мадрид негира дека имал договор со Мбапе

Реал Мадрид негира дека имал договор со Мбапе

ПСЖ се сомнева дека Реал Мадрид има договор со Мбапе за следното лето тој да се пресели на Бернабеу како слободен играч, но од „кралскиот“ клуб го негираат тоа.

Неговиот договор со ПСЖ истекува следното лето и доколку се пресели во Мадрид како слободен агент ќе добие бонус од 100 милиони евра од Реал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


ПСЖ ја знае намерата на Мбапе, па поради тоа сака по секоја цена да го продаде ова лето и нема да дозволи да замине без обештетување во 2024 година.

„Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ги отфрла гласините дека тие веќе имаат договор со Мбапе, но сепак не ја разгледуваат можноста за трансфер на Французинот ова лето бидејќи тој би ги чинел премногу за играч на кој му истекува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…