Дома Топ вести Реал Мадрид и покрај срамот од Алкојано ја покажа својата големина

Реал Мадрид и покрај срамот од Алкојано ја покажа својата големина

Големината на некој клуб се покажува и надвор од теренот, а токму тоа покажа Реал Мадрид.

„Кралевите“ во средата сензационално беа исфрлени од нисколигашот Алкојано во Кралскиот куп, се играа продолженија после кој натпреварот заврши 2:1 за Алкојано. Еден ден после големата победа играчите на Алокајано на тренингот ги дочека изненадување. Реал го исполни своето ветување и на играчите на нисколигашот им испрати дресови.

Сите играчи на Алкојано пред натпреварот открија од кого би сакале да добијат дрес, еден ден подоцна желбата им се исполни. Лука Модриќ, Карим Бензема и Серхио Рамос беа најбарани со по три дреса, два беа побарани од Тони Крос.

Побаран бил еден и од Тибо Куртоа, Феде Валверде и по малку изненадувачки од Ферлан Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…